Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утринава во Маврово и Крива Паланка се измерени -11 степени, во Крушево -10 степени, во Лазарополе -9, во Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Петровец кај Скопје -8, во Битола, Виница и Струмица -7, во Демир Капија и Зајчев Рид во Скопје -5 и во Куманово -3 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 9:23

Денес Македонија мрзне- од утре пролетни температури

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рано утринава речиси во целата држава беа измерени температури под нулата. Најстудено е во Берово каде беа измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија каде утринската температура е само нула степени.

Минусни температури во цела Македонија. Најстудено е во Берово каде се измерени – 13 степени.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утринава во Маврово и Крива Паланка се измерени -11 степени, во Крушево -10 степени, во Лазарополе -9, во Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Петровец кај Скопје -8, во Битола, Виница и Струмица -7, во Демир Капија и Зајчев Рид во Скопје -5 и во Куманово -3 степени.

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9 степени.

Утре не очекува стабилно време. Воглавно ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од -9°C до -1°C
а дневната од 5°С до 13°C.

Во среда не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минимална температура ќе биде од -7°C до 2°C а максималната температура 4°C до 12°C.

Во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за утринска магла по одделни котлини. Минимална температура: -9°C до 0°C, Максимална температура: 3°C до 11°C.

 
 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат.

МИЦКОСКИ: Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, максималните дневни температури на воздухот ќ се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

РАДОСТ РАДОСТ- СНЕГ ВО ПЕТОК И САБОТА: Се очекуваат на наврнат и обилни врнежи од дожд

До крајот на денов во нашата државава ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала...