Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца.

Објавил: Сара Фемина | 20 јули, 2019 10:47

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТА НЕДЕЛА- ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Христијанските верници денес го слават празникот Света Недела. Празникот на светата маченица Недела се паѓа во летниот период, во време на жетвата и другите полски работи.

Во некои краишта, како на пр. во Дебарца, Охридско) празникот се вика Стара Недела, се смета за мајка на неделите и поради тоа за најтежок празник, се верува дека Божјата казна ќе го стигне секој што ќе работи на овој ден.

Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца.

Празникот на светата маченица Недела се паѓа во летниот период, во време на жетвата и другите полски работи.

Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос.

Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени.

Тоа се случи во 289 година во Никомидија.
Недела била мачена на најсуров начин, била влечена, тепана со воловски жили, сечена по телото, ја фрлале на клада, ѝ пуштале диви ѕверови итн. Но сето тоа било залудно зашто Исус Христос секогаш после мачењето ѝ ги исцелувал раните.

А кога изјавила „За мене живот е да умрам за Христа“, била осудена да биде исечена со меч. Пред да биде погубена ѝ дозволиле да се помоли на Господа, а кога тоа го направила ја предала душата пред мечот да падне врз нејзиниот врат. Тоа се случило во родниот град Никодимија на 7 јули 289 година, кога имала само 22 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош.

Хари од Хонгконг: Ве молам за помош ја барам девојката што ја запознав во Охрид!!!!!

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners...

Прeку Свoитe ангeли Бoг гo oбјавил раѓањeтo на Исак oд бeздeтната Сара, и на Самсoн oд бeздeтниoт Манoј и нeгoвата жeна, и на Јoван Прeтeча oд бeздeтнитe Захарија и Eлисавeта.

ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Денеска е зачнување на Свети Јован Крстител!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 септември. Денеска е Зачнување...