Кривичен суд

Објавил: Калина Мартинска | 4 септември, 2024 7:49

Денес треба да почне судењето за убиството на Вања и Панче

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски треба да започне денеска во Основен кривичен суд Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството ги спои во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители – Уставен ја прифати иницијативата на обвинителката Ристовска

Уставен поведе постапка: На скандалозен начин се унапредувале обвинители

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите....