Празникот Собор на Светите Апостоли се празнува на 13 јули секоја година. Покрај овој празник, секој од светите апостоли има по еден ден припишан за празник во негова чест, освен Јуда Искариот кој нема празник, затоа што тој го предал Христос.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2019 10:57

Денес e голем празник- се празнува Сoбор на 12 апостоли (Павловден)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дванаесет апостоли (апостол, грч. απόστολος, „пратеник“) се дванаесетте ученици на Исус Христос, избрани од него за да го шират Евангелието. Тие се:

Апостол Петар (Симон), Апостол Андреј (брат на Петар), Апостол Јаков, Апостол Јован (брат на Јаков), Апостол Филип, Апостол Вартоломеј (Натанаил), Апостол Тома, Апостол Матеј, Апостол Јаков Алфеев, Апостол Тадеј (Леви, Јуда Јаковов), Апостол Симон, Апостол Јуда Искариот.

Во Евангелието пишува дека Исус ги испратил своите апостоли низ градовите во Галилеја во парови (Марко 6:7). Буквалниот превод на нивната мисија би звучел како „лечење на болните“ и „истерување на демони“; сепак, општоприфатено е мислењето дека нивната основна мисија била ширење на Евангелието, да ги залечат душевните рани и болест и да се борат против изопаченото однесување на луѓето. Со себе тие не носеле ниту храна, ниту пари, туку целосно се предавале на Божјата Волја. Им било кажано уште и дека доколку некој град им го ускрати гостопримството, сè што треба да направат е да ја истресат правта од нивните нозе (чин кој сам по себе е заканувачки).

Празникот Собор на Светите Апостоли се празнува на 13 јули секоја година. Покрај овој празник, секој од светите апостоли има по еден ден припишан за празник во негова чест, освен Јуда Искариот кој нема празник, затоа што тој го предал Христос.

 

Во Евангелието се кажува дека Исус ги избрал своите апостоли веднаш откако бил искушуван од ѓаволот во пустината40 дена. Апостол Петар и Апостол Андреј (браќа) се првите два апостоли, кои претходно биле рибари. Кога Исус им пришол и ги повикал да појдат по него, тие веднаш ги фрлиле мрежите и му се придружиле. Веднаш по нив, и браќата Јаков и Јован (исто така рибари) му се придружиле на Исус.

Понатаму му се придружуваат и другите апостоли, за на крај меѓу нив да влезе и даночникот Матеј. Околу неговиот прием Фарисеите имале големи забелешки, затоа што во тоа време на даночниците се гледало како на насилници во еврејското општество. Одговорот кој Исус Христос го дал е многу познат: „на здравите не им треба лекар, туку на болните… Јас не дојдов за да ги повикам праведните, туку грешните“Павле од Тарсус

Савле, подоцна Апостол Павле е тринаесеттиот апостол на Исус. Тој самиот тврдел дека е назначен директно од воскреснатиот Христос за време на неговата визија во Дамаск. Исто така, при ословувањето на некои од неговите сопатници (Варнава, Сила итн.), тој го користел изразот апостоли.

Понекогаш, и св. Константин се нарекува тринаесетти апостол, поради неговата пресудна улога во признавањето на христијанството како официјална религија во Римското Царство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Госпоѓа Катица Јанева не е во женско одделение, таа е во еден посебен оддел каде што според безбедносната проценка на затворската управа има друг третман, од безбедносен здравствен и секаков друг аспект.

РАХИЌ ОТКРИВА ДЕТАЛИ: “Катица Јанева во Шутка има посебен третман и не е во женско одделение”

Има, како и секаде, една одредена мала група корумпирани луѓе коишто работат тука и...

Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите “непознати” газди. Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат.

“РЕКЕТ”ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Шеќеринска, Ременски, Димитров најавуваат ТУЖБИ ПРОТИВ НОВИНАРИ!

Ќе ја тужам “Република” за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни...

Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации.

РЕМЕНСКИ: “Веста за НИНА ГРУПЕР бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ”

Оваа вест бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ, пишува на социјалните...

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски изјави дека е почестен што годинава има можност и да се обрати на форумот.

ПЕНДАРОВСКИ: “Клучниот стратешки пробив во безбедноста на земјата е поканата за членство во НАТО”

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати...