По тој повод овој ден ќе биде запишан со златни букви во историјата..

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јуни, 2019 14:42

Денешниот ден се памети: На овој ден Вардар стана шампион на Југославија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денешниот ден 14 јуни е еден од најзначајните датуми во историјата на Вардар. Пред 32 години во 1987 година на овој ден Ф.К Вардар стана нов шампион на тогашната лига во Југославија.

На денешен ден Ф.К Вардар стана шампион на Југославија

По тој повод овој ден ќе биде запишан со златни букви во историјата, а Вардар остана прв и единствен тим од Македонија стигна до овој успех. Тоа беше титула со која беше прославена 40-годишнината од постоењето на клубот.

Вардар ја мина целта како првопласиран тим на табелата и покрај поразот во последното коло од 4:1 против Динамо Загреб одигран на „Максимир“. Вардар се искачи на врвот благодарение на резултатите на конкурентите. Македонскиот шампион ја мина целта како првопласиран тим на табелата. Инаку, десет тимови во првенството играа со минус шест бодови, врз основа на тогашната одлука на Фудбалскиот Сојуз да им бидат одземени поени, поради сомнителните резултати во последното коло од сезоната 1985/86.

Пред почетокот на сезоната тогашниот тренер Андон Дончевски истакнуваше амбиции за опстанок, со скриена намера да се обезбеди место во Европа, но на крајот „црвено-црните“ дојдоа до титулата.

Таа сезона за Вардар настапуваа Тони Савевски, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Дарко Панчев, Љупчо Марковски, Вујадин Станојковиќ, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Васил Рингов, Тони Атанасовски, Јовко Бизимовски. Дел од Вардар во есенскиот дел од сезоната беа Слободан Горачинов и Гоце Димовски кои што заминаа во странство во текот на шампионатот.

Екипата беше предводена од тренерот Андон Дончевски, заедно со неговите асистенти Методије Спасовски и Кочо Димитровски.

Извор :Ф.К ВАРДАР

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Трагедијата се случила во Гвадалупе, кога фудбалерот Џoнатан Г. го удрил а потоа и го бутнал на теренот  62-годишниот судија Хуан Ернандес.

Вистински хорор во Мексико: Фудбалер убил судија среде натпревар (ФОТО)

Вистински хорор се случи во Мексико, откако еден фудбалер го уби судијата на сред натпревар.  Трагедијата...

За финалето што ќе се одигра на „Вембли“ на 12 јулидо сега се испратени 714.000 барања за билети, а тоа е скоро осум пати повеќе од капацитетот на стадионот.

ВЕМБЛИ Е МНОГУ МАЛ! Рекордни 28,3 милиони барања за влезници за Европското првенство 2020!

Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) соопшти дека до сега добил околу  28,3 милиони барања...

Тој повторно бил на лекување по што бил пуштен од болница во Болоња. Оваа вест дека тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, денес ја напушти болницата Сент Орсола предизвика радост во семејството но и кај сите негови фанови.

Борбата со леукемија влегува во нова фаза- болницата во Болоња откри во каква состојба е Синиша Михајловиќ

Минатата година веста дека познатиот тренер Синиша Михајловиќ боледува од леукемија...

Веќе беше најавено сплотување и обединување на македонските навивачки групи, поради историската шанса која е пред Македонија. Навивачите на Вардар, „Комити“ веќе направија настан на Фејсбук и детална организација на денот и заедничко упатување кон стадионот.

„Комити“ го најавија историското сплотување на навивачите – за Македонија!

Репрезентацијата на Македонија го игра својот плејоф натпревар од полуфиналето во...