Сега можете да кликнете на интернет, да влезете во архивата на „Њујорк тајмс“ и да прочитате текст од нивниот дописник испратен во 1903, за бунтот на бугарското население во Крушево на Илинден.

Објавил: Едмонд Бекири | 28 април, 2020 6:22

Денко Малески: Македонците и Бугарите биле ист народ, а „Илинден“ бил бунт на „бугарско население“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Денко Малески во својата најнова колумна тврди дека Македонците и Бугарите биле дел од еден народ, дека во СФРЈ македонските власти ги селектирале историските податоци и пишувале Македонци таму каде што пишувало Бугари.

Професорот Денко Малески во Колумната за Инбокс7 вели дека зад нас е времето кога македонската историографија, заштитена од моќната југословенска федерација, можела непречено да врши селекција на историската граѓа за македонската нација, па каде пишувало Бугарин да прешкрта и да напише Македонец.

Сега можете да кликнете на интернет, да влезете во архивата на „Њујорк тајмс“ и да прочитате текст од нивниот дописник испратен во 1903, за бунтот на бугарското население во Крушево на Илинден.

Значи, ние мораме да се прилагодиме кон историската вистина дека во минатото сме биле дел од еден ист народ.

Тој народ, во залуден напор да избегне поделби и понижувања од соседните балкански држави кои наваливе врз последната отоманската провинција во Европа, Македонија, спас побарал во, како што вели Крсте Мисирков идејата за “национален сепаратизам“ и создавање на сопствена словенска нација.

По бруталните балкански војни, тој статус на достоинство, да биде свој на свое, да се биде македонска нација со свој македонски јазик и своја македонска држава и е понуден на генерацијата македонски партизани, дотогашни „Јужносрбијанци“, во идната југословенска федерација на рамноправни народи, во текот на Втората светска војна.

Пригрлувајќи ја таа идеја, со поддршка на другите југословенски народи, македоснките партизани со пушка во рака и со човечки жртви ја реализираат својата идеја.
Разбирливо, во моментот кога се конституирала, македонската нација била свртена кон истражување на она што ја одвојува од бугарската, а такви елементи во историјата можат да се надат секогаш кога локал патриотизмот и грижата за својот дом во Македонија надвладувал над националната идеја на бугарската држава.

Со тоа изобилува нашата историографија, но таквиот пристап не ја кажува целата вистина. Значи, некогашните методи за самоволна и невистинита селекција од страна на науката, како и на брутален однос кон сограѓани со бугарска национална свест од страна на политиката, се недопустиви денес”, пишува Професорот Малески во својата најнова колумна.

Целата колумна на: Инбокс7.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

На мое големо изненадување, во коментарот на владата на Зоран Заев, што го пренесува државната новинска агенција МИА, нема директно и јасно отфрлање на овој текст.

Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!

Бугарите можат да си мислат и да прават што сакаат, но ние Македонците не можеме и не...

Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ! Вели Заев, во Ресен, на 5...