Стихозбирката брзо се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнува голем успех.

Објавил: admin@magazin | 23 ноември, 2019 19:01

„Денови ли се – денови, аргатски маки големи“: 80 години од издавањето на „Бели мугри“ на Кочо Рацин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година.

Стихозбирката е отпечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“.

Стихозбирката брзо се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнува голем успех.

Збирката претставува извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на Рациновото творештво. Дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот кој бил забрануван и одрекуван.

Творечки се потпира врз достоинството што ги носи македонското народно епско и лирско творештво збогатени со сопствен творечки однос. Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за благороден културен натпревар со другите народи во светот. Со „Бели мугри“ се отворил пат на современата македонска литература и така Кочо Рацин станал еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

Стихозбирката е отпечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“.

Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е симболичен – пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви. „Бели мугри“ била создадена под влијание на народната поезија, како и на „Зборникот“ од браќата Миладиновци.

Највпечатливи мотиви во Рациновите песни се: аргатската мака („Денови“ и „Селска мака“), социјално-класната неправда („Тутуноберачите“), револуционерен повик („Копачите“), патриотски мотиви („Елегии за тебе“, „Утрото над нас“ и „Татунчо“), жал за пропаднатите занаети („На Струга дуќан да имам“) и печалбарската тага („Проштавање“).

Во чест на збирката, своето име го добила наградата доделена од Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Наградата „Бели мугри“ се доделува од 2009-та година за најдобар необјавен поетски ракопис за автор до 35-годишна возраст, а меѓу добитниците се некои од позначајните поети од помладите генерации на современата македонска поезија.

Роди се човек — роб биди
роди се човек — скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

И ноќе кога месечко
гроб и со свила виеше
ветерчок тихо над неа
жална и тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна…“

Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат — ти плачеш,
слнцето грее – ти темнеш.

Чаршиите изумреа,
дуќаните запустеа —
пропадна сичко, прокопса
занает златен – рѓоса.

На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун – нашава мака
нашава солена пот!

Но тиa росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.

Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко –
не ли си и ти аргатка клета?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поезија

Живеевте многу брзо, се натпреварувавте во сè! Во пари, во деловна активност, во големината на куќите, во длабочините на џепот, во убавината, во модата, во себичноста додека вашите срца полека се замрзнуваа!

МОЌНА ПОРАКА: Не плашете се, не сум ви непријател, јас сум тука да ве предупредам

Дојдов како гласник, дозволете ми да ве спречам! Да ве освестам, да ви ја пробудам свеста....

Замислував свет , не живеев во реалноста, каде парите се она најглавното,арно викаат старите не веруваш се додека не почуствуваш на своја кожа!

Некогаш плачев за љубовта, денес плачам за мојата иднина!

Некогаш плачев за љубовта, денес плачам за мојата иднина! Живеев во свет каде на прво...

Иако приказната е од Русија,пораката погодува директно во срце. Ова не би требало да се игнорира. Иван не смее да се заборави.

Срцето на малечкиот Иван престана да чука: Родителите го убија својот син!

Приказната е за Иван – но не само за него. Тоа е приказна за милиони деца како него,...

Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.

Груевски не знаеше што да прави, па напиша книга во Будимпешта- Со посвета на моите ќерки Софија и Анастасија!

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи информираше дека неговата...