
Свет
Вести
Во Италија утре е прогласен Ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова при што загинаа 38 луѓе а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати.
За утре е предвидена литургија и погребување на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија Серџо Матарела и Џузепе Конте.
Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија [ РАИ ].
Надвозникот Моранди дел од автопатот А10 се урна во вторникот.
Бетонскиот мост Моранди е изграден во 1967 година висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри.
Целиот мост бил реконструиран во 2016 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.