Во своите извештаи од текот на гласањето за референдумот, Државната изборна комисија соопштува неточни податоци, реагираат и граѓаните и медиумите.
На прес-конференцијата одржана во 15.30 часот, на која што беа соопштени податоците за одзивот на гласање до 15 часот, претседателот на комисијата, Оливер Дерковски, соопшти дека до тој момент на гласачките места излегле 334.075 гласачи, но истовремено и дека таа бројка претставува 22,56 отсто од вкупниот број запишани гласачи.
Но, 334.075 гласачи претставуваат 18,49 отсто од вкупниот број гласачи (1.806.336), а не 22.56 отсто, како што соопштија од ДИК.
Од друга страна, 22,56 отсто излезени гласачи би биле 407.510 гласови, а не 334.075.
Од тука се поставува прашањето, која е вистинската бројка на излезени гласачи?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.