
Македонија
Вести
Претседателот на Државната Изборна Комисија, Оливер Дерковски цврсто стои на тоа дека во моментот нема услови за одржување на избори. Тој истакна дека тешко може да се реализираат избори под маски, но и да се почитува социјалното растојание од 2 метри.

Дерковски посочи дека не треба да се брза со датумот за избори.
-Во оваа ситуација имаме 14,15 кандидатски листи, замислете по еден нивен претставник ќе има секако на избирачко место плус пет членови на избирачкиот одбор, тоа се отприлика 20 луѓе кои треба да ги дистанцираме на 2 метри. Многу е мал бројот на простории во државата каде се гласа, а може да се обезбеди такво дистанцирање. Поучени од искуството од Јужна Кореја која организираше избори, таму пред влезот на секое избирачко место имаше здравствено лице кое мереше температура на секој гласач, истакнува за Сител, Дерковски.
Првиот човек на ДИК рече дека воедно ваквите избори ќе чинат и повеќе пари, а со тоа ќе бидат потребни и повеќе човечки ресурси, а земајки ја предвид економската состојба во земјава за време на пандемијата од Ковид-19 би било отежителна околност.
За изборите кои беа закажани за 12 април беа предивдени 7 милиони евра, од кои 4 милиони за реклами на партиите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.