Доверливиот материјал за гласање е изработен од АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола, а денеска беше дистрибуиран до гласачките места. Претседателот на Државната изборна комисија, лично вршеше увид на доставениот материјал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2020 10:35

Деркоски повика на масовна излезност за изборите: Граѓаните да не се плашат за своето здравје!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски изјави дека граѓаните не треба да се плашат за своето здравје и повика на масовна излезност на изборите закажани за 15 јули.

Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата.

Процесот на гласање ќе биде организиран на 3.390 избирачки места, информираа од Државната изборна комисија.

Доверливиот материјал за гласање е изработен од АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола, а денеска беше дистрибуиран до гласачките места. Претседателот на Државната изборна комисија, лично вршеше увид на доставениот материјал.

– Материјалот ќе биде доставен до сите општински изборни комисии, а тие пак во текот на утрешниот ден материјалот ќе го достават до избирачките одбори. Процесот се одвива непречено и со одлична организација, а тоа значи дека се ќе за заврши во предвидениот рок. Подготовките на ДИК за целиот изборен процес се одвиваат непречено, посебно сме посветени во делот врзан со заштитата на здравјето на граѓаните и ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал маски, за да и оние граѓани кои не можат да купат или не носат заштитна маска од кои било причини, сепак да добијат заштитна маска, да гласаат и да го остварат своето право на глас, истакна Деркоски.

Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола изработени се 1.814.263 гласачки ливчиња со висок квалитет и со 20 форми на заштита без никава можност за фалсификат, потврди директорот на печатницата во овој град Драги Милошевски.

-Гарантираме за високата заштита на избирачкиот материјал, кусо изјави Милошевски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во февруари 1992 година станува член на СДСМ. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, а потоа и нејзин претседател до 2001 година.

Кој е Лазар Еленовски, „идниот премиер“ на Македонија?!

Во медиумите вече на големо се шпекулира за договорот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ДУИ,...

Воедно и лидерот на Левица, партијата која освои два пратеника на изборите, Димитар Апасиев, јавно соопшти дека ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа.

Мицкоски и Ахмети разговараа за ново парламентарно мнозинство!

Откако вчера албанскиот весник Лајм објави дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкосски...

На 10.000 случаи, дури и да има 50 луѓе што по вторпат се позитивни, тоа не е многу. Најверојатно првиот пат биле болни туку само контаминирани, вели професорот.

Д-р Пановски: Пациентите што по вторпат имаат Ковид 19, најверојатно првиот пат не биле болни туку само носители!

Во изјава за Слободен Печат, професорот Никола Пановски посочува дека има и такви кои...

Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6.

ПЕНЗИОНЕРИ СО ШТРАФЦИГЕР ГИ КРАДАТ ПОЛНАЧИТЕ ЗА ТЕЛЕФОНИ ОД НОВИТЕ АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои...