Таа рече дека не е против ревизија на предметите од СЈО доколку тоа е услов да продолжат разговорите за донесувањето на законот.

Објавил: Весна Петровска | 23 јануари, 2020 19:08

Дескоска: Законот за ЈО ќе се носи со или без ВМРО

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Законот за ЈО ќе го донесеме со или без ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе обезбедиме 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство. Овој закон е многу важен и нема да дозволиме да не биде однесен поради нечии опструкции. Ова денеска во Дневникот  за ТВ24 го изјави министерката за правда Рената Дескоска.

Таа истакна дека Мицкоски денеска на прес конференцијата практично кажал дека главен проблем за ВМРО-ДПМНЕ е членот за продолжувањето на предметите на СЈО.

Но, овие предмети се веќе трансферирани во ЈО и немаме намера да се враќаме назад. Предметите на СЈО ќе продолжат, а можеме да разговараме за евентуални форми што ова би го дорегулирале.

Таа рече дека не е против ревизија на предметите од СЈО доколку тоа е услов да продолжат разговорите за донесувањето на законот.

Што предвидува законот за ЈО? 

Сите случаи кои беа во надлежност на СЈО, а ги презеде државниот обвинител Љубомир Јовески да бидат предадени во рацете на шефицата на обвинителството за гонење на организинран криминал и корупција Вилма Русковска.

Тоа го предвидува новиот предлог закон за Јавното обвинителство кој го изготвува Министерството за правда.

Од ова е извесно дека власта се откажува од идејата за формирање ново обвинителство за гонење на висока корупција, што и беше понудено на опозицијата во преговорите за законот. Ова решение е предвидено во членот 108 во делот на Преодни и завршни одредби.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се вели во став 3 од тој член.

Предложената верзија пропишува и обвинителите од СЈО кои досега беа надлежни и натаму да ги застапуваат предметите, со што се зацвстува нивната позиција. Освен тоа, се очекува тие наскоро и формално да се вработат во Обвинителството на Русковска. Во членот 109 е предвидено во рок од 30 дена од влегувањето во сила на овој закон, Советот на јавните обвинители по предлог на Русковска да донесе одлука за зголемување на бројот на јавните обвинители во тоа обвинителство, по што во ќе се распише оглас за нивен избор.

Предлогот пропишува т.н. бомби кои не се предадени во судовите да се чуваат во Државното јавно обвинителство, а по истекот на три години од правосилното завршување на постапките тие материјали да бидат уништени, согласно законот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Министерот одговори на прашањето кое можеби и најмногу ги интересира грашаните, и рече дека за сега илипче не е планирано да се воведе полициски час на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика. Тој посочи дека и натаму ќе продолжат да се казнуваат оние кои нема д аносат маска бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.

Филипче во Топ Тема: Јануари ќе биде најризичен период за корона вирусот!

Најризичен период кој следува со корона вирусот е месец јануари, смета министерот...

Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдија дека доцна попладнево им стигнала пресудата од Врховен суд и бидејќи претходно веќе имало издаден упатен акт за затворската казна која не беше реализирана поради нејзиното барање за утврдување на законитоста на првостепената пресуда, одлуката на Врховен за затворската казна е ефективна.

НАЈНОВА ВЕСТ: Јанкулоска спроведена во затворот „Идризово“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доцна попладнево е...