Дескоска изјави дека е добро што ЕУ нотира дека има волја, спремен е закон, но се уште не е донесен и оти сме на вистинскиот пат кон решавањето на прашањето за СЈО.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јуни, 2019 22:03

ДЕСКОСКА: „Не ни беше лесно кога го сменивме Законот за судови„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерката за правда Рената Дескоска во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24, рече дека им било лесно кога го смениле Законот за судови, не било лесно кога го носеле Законот за судски совет.

Дескоска изјави дека е добро што ЕУ нотира дека има волја, спремен е закон, но се уште не е донесен и оти сме на вистинскиот пат кон решавањето на прашањето за СЈО.

Министерката исто така напомена дека законот е двотретински, не е закон кој се носи само со владејачкото мнозинство, туку потребни се гласови пошироко во Парламентот. 

Дескоска: На вистинскиот пат сме кон решавање на статусот на СЈО, а тоа го препознава и ЕУ.

–Ние успеавме во изминатиот период за многу други закони да го обезбедиме тоа двотретинско мнозинство и тоа на начин на кој буквално значеше имплементација на сите препораки од ЕК и од Венецијанската комисија. И не отстапивме.

Според министерката голем предизвик е носењето на Законот за Јавно обвинителство, имајќи предвид кои се личните интереси на многу актери кои треба да го гласаат или да го поддржат и тоа се виде во целиот преговарачки процес.

Целокупните работи кои ги правевме околу СЈО се позитивно изнесени во извештајот на ЕУ. Добро е што Европската Унија нотира дека е направен прогрес и сметам дека сме на вистинскиот пат кон решавање на прашањето за Специјалното јавно обвинителство, рече во емисијата Отворено на ТВ24 министерката за правда Рената Дескоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од синдикатот бараат премиерот, Зоран Заев, да „замете“ и во МВР со цел правдата да биде задоволена, а зборот одржан.

МВР врши мобинг врз членовите на синдикатот и останати припадници на полицијата!

Дејан Саздов портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, обвини дека раководството...

„Одлучен удар” е досега најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора.

Денеска Кавадарци ќе биде под воена опсада!

Денеска граѓаните на Кавадарци  ќе имаат можност на градскиот плоштад да проследат...