Одлука донесена вчера

Објавил: Калина Мартинска | 23 мај, 2024 14:52

Деспотовски најави кандидатура за лидер на СДСМ, задоцнета е оставката на Ковачевски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Според Јован Деспотовски, едно од имињата кои се споменуваат како следен лидер на СДСМ, одлуката за повлекување од претседателската функција во партијата на Димитар Ковачевски е правилна, но задоцнета.

Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока. Мораше да се случи многу порано. Очеквам овој чекор да го следат и сите останати членови на партијата за да можеме веднаш да примене во делот на отворена дискусија кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл. Факт е дека бројот на гласови е на историски минимум за жал. Мора да гледаме како понатаму, вели за „Студио 10“ Јован Деспотовски, Директор на ТИРЗ.

 

 

Димитар Ковачевски вчера си поднесе оставка од претседателската функција во СДСМ, а на тоа го повика цело раководство.

Види повеќе:

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, го повика на оставка и цело раководство

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести