Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Објавил: Стојче Бушин | 23 мај, 2020 10:14

ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО: Од утре појава на врнежи и грмежи во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност, особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
 
Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа од утре попладне следува нова дестабилизација на времето проследена со локални врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Понестабилна атмсофера, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот ќе имаме во вторник и во среда.

Тогаш ќе има услови и за локално поинтензивни атмосферски процеси, застапени во форма на невреме. Ќе дува и умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите на воздухот ќе бидат малку под просекот, односно ќе биде малку посвежо од вообичаеното и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, особено во вторник и во среда кога ќе биде и најсвежо

Славчо Попоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Повремено ќе има продори и од северните предели на Евроспкиот Континент кој ќе условуваат повремено освежување на времето!

МЕСЕЧНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Еве каков ќе ни биде месец јуни се до крајот!

Според најновите анализи кој се направени со помош на најпрецизните метеоролошки...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

ДЕТАЛНО МЕТЕО: Од недела температурите на воздухот ќе бидат во пораст

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Од...

Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Нестабилно со услови за дожд и грмежи!

Во текот на денешното претпладне ќе има повеќе сончеви периоди. Попладне ќе биде променливо...