На 17.01.2020 во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари.

Објавил: Весна Петровска | 18 јануари, 2020 18:39

ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО НЛБ: Тројца ја ограбиле банката па го запалиле возилото во Ѓорче Петров

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

МВР ги откриваат деталиите за грабежот во НЛБ банка во Скопје.

На 17.01.2020 во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари.

Исто така, М.Д.(60) од Скопје пријавил дека на висечкиот мост кај стадион „Ѓорче Петров“ и с.Лака, забележал три вооружени лица, а во нивна близина опожарено возило, по што лицата со друго возило се упатиле кон с.Крушопек.

Од полициски службеници е констатирано дека станува збор за патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, кое било користено за претходно извршеното разбојништво. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, се вели во соопштението на МВР.

Претходно од НЛБ соопштија дека од експозитурата се одземени 8.500 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...