На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил Фолксваген голф 3, управуван од засега непознато лице.

Објавил: Валерија Петрова | 18 ноември, 2019 12:34

Детали за убиството во Арачиново

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик.

На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил Фолксваген голф 3, управуван од засега непознато лице.

Преку отворениот прозорец на автомобилот тој испукал два куршума во правец на сега починатиот Ајвази и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција, но на 9 септември починал.

Пред да почине, Ајвази на записник го идентификувал осомничениот како напаѓачот кој пукал кон него, а како причина навел претходна нетрпеливост меѓу нивните семејства.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Притоа, обвинителот особено го ценеше фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според извештајот на Одделението за превенција на СВР Скопје, поради непрописно паркирање, со „пајак“ биле подигнати 56 возила

Згасна уште еден живот во Скопје – хаос во главниот град!

Уште една трагедија го потресе Скопје. МВР инфорира за вчерашната состојба на скопските...

Дваесет и едногодишен сопатник починал, а уште тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село-Смоларска крстосница, на излез од село Ново Село, информираат од СВР Струмица.

ДВЕ ТРАГЕДИИ ГИ ПОТРЕСОА ГРАЃАНИТЕ: Почина бебе во Драчево и загина маж во страшна несреќа!

Во дневниот билтен на МВР имаше трагедии, инциденти и сообраќајки, полицијата со полни...