Боки 13 во неколку наврати бараше средба со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, но средбата не се реализираше

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2020 16:36

Детали од записникот на Боки 13: Стравувам за мојот живот, инсистирам строго доверливите информации да му ги кажам само на Јовески

Фото/Текст извор: ©Фокус.мк

Првоосомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, кој доби казна 9 години затвор, како обвинет во случајот „Рекет“, поднел барање до Кривичниот суд на 25 јуни да му дозволат да оди до Основното јавно обвинителство Скопје за да поднесе кривични пријави на записник, пишува Фокус.

Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот Рекет, е осуден на 9 години затвор….

Боки 13 во неколку наврати бараше средба со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, но средбата не се реализираше. Обвинителот Јовески во разговор за „Фокус“ потенцираше дека во притвор бил испратен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој се сретнал со Јовановски, но тој не сакал да зборува со него.

Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, вели дека и тој бил на средбата, и точно е дека Јовановски одбивал да зборува, бидејќи наместо Јовески, дошла обвинителката Гордана Смаќоска, на која шефица и е Вилма Русковска, па поради тоа, како што вели, Боки немал доверба ниту во една од нив.

Фокус“ дојде до записникот од средбата која се одржала во истражниот затвор „Скопје“, на 24 февруари.

-Прво би сакал да изјавам пред вас дека сум затечен за оваа за мене новонастаната изненадувачка состојба поради што не бев информиран, ниту пак имав благовремено добиено сознание преку мојот бранител, ниту пак од судот, дека на овој начин и во овој термин ќе треба да ги изнесам сите мои аргументи и строго доверливи информации за повеќе лица во врска со кривичните пријави кои имам намера да ги поднесам, истакнал Јовановски, кој додава дека барал средба исклучиво со републичкиот обвинител Јовески, а поради довреливите информации кои ги поседувал.

Целиот текст може да го прочитате во ФОКУС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави летен Свети Никола

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник...