Истовремено, блиски членови на семејството и соработници на Бајрам, на социјалните мрежи објавија детали за погребот, кој треба да се случи денес, во 14 часот, според сите обичаи, и покрај препораките и забраните на здравствените власти, поради состојбата со вирусот.

Објавил: Стојче Бушин | 25 октомври, 2020 11:59

ДЕТАЛИ- Синот на Амди Бајрам ја откри вистината: Татко ми почина од МОЗОЧЕН УДАР, тестот за корона беше НЕГАТИВЕН!

Фото/Текст извор: ©фокус

Вчера на 64-годишна возраст почина поранешниот пратеник и претседател на СРМ, Амди Бајрам. Во доцните попладневни часови од болницата Жан Митрев потврдија дека тестот на корона вирус, кој му бил направен посмртно, покажал дека политичарот бил позитивен на Ковид-19.

Истовремено, блиски членови на семејството и соработници на Бајрам, на социјалните мрежи објавија детали за погребот, кој треба да се случи денес, во 14 часот, според сите обичаи, и покрај препораките и забраните на здравствените власти, поради состојбата со вирусот.
 

Доцна синоќа, во телефонски разговор за ,,Фокус”, синот на Бајрам, Габриел, раскажа што се случува во нивниот дом, но се наврати и на последните денови на неговиот татко.

-Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен.

Да се навратам на случувањата од последните денови.

Дента пред да почине, се беше во ред, никој не можеше да претпостави што не чека. Но, вчера, во околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен.

Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение, тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот.

Внатре го внесоа веќе починат, а ние останавме да чекаме околу час или два.

Од она кое го знаеме, тој починал од мозочен удар, а не од корона вирус. Ни го дадоа телото од болницата, ние си заминавме дома да ги испочитуваме нашите обичаи – раскажа Габриел.

Појасни дека не ни знаеле дека Амди е позитивен на вирусот, бидејќи тестот од пред два дена му бил негативен, но и покрај тоа, ги почитувале сите мерки за заштита.

Покојникот сега е дома, овде сме најблиското семејство. Надвор, пред куќата дојдоа многу луѓе кои му оддаваат почит, сите се со заштитни маски и стојат на растојание. Така планираме да биде и на погребот. Амди Бајрам беше голем човек, кој остави големи дела за Ромската заедница зад себе, заслужува и достоинствен погреб – појаснуваше неговиот син.

Додаде дека нема место за обвинувања дека не се почитуваат мерките, бидејќи тие биле совесни луѓе, кои имале деца, внучиња, и не сакале ничие здравје да биде загрозено.

-Ова е нашата вистина, нам уредно ни го дадоа телото од болницата, ние не правиме ништо лошо, сакаме достоинствено да го испратиме покојникот. Ако треба да биде погребан во лимен ковчег, нека ни кажат, ние тоа ќе го сториме. Сите кои ќе дојдат, ќе ги почитуваат мерките- ни изјави Бајрам.

Неколку минути по телефонскиот разговор, тој повторно ни се јави, појаснувајќи дека семејството добило телефонски повик од болницата Жан Митрев, и биле повикани таму на разговор.

Рече дека повторно ќе се јави, да појасни што ќе им биде кажано, но до објавата на веста денес, тој ниту се јави , ниту пак одговори на нашите телефонски повици и пораки.

Сојузот на Ромите излезе со соопштение дека погребот е закажан денес, во 14 часот во Али Пашината џамија, и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини, реле Мицкоски на протестот!

Мицкоски: Оставка на Заев, слобода на народот- да ја ослободиме Македонија

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се обрати од пред Владата, на протестот...

Проблемот со историјата е во тоа што погрешните и лажни толкувања на настаните и луѓето имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава говор на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, што за нас е апсолутно неприфатливо“, смета Захариева.

Захариева се закани: Се додека постои говор на омраза во Македонија, ќе биде блокирана од Бугарија!

Бугарија го блокира почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската...

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

Црвенковски го замрзна членството во СДСМ и побара сите да се оградат од ставовите на Заев

Бранко Црвенковски, поранешниот Претседател на Република Македонија, основач и долгогодишен...

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во центрите за селекција на отпад на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

ЗА „BLACK FRIDAY“ ОДЛОЖЕТЕ ГО КАБАСТИОТ ОТПАД НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО

Град Скопје оваа година спроведува кампања за правилно одложување на кабастиот отпад...