Максималната температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од -1 до 7 степени.

Објавил: Стојче Бушин | 14 јануари, 2021 8:20

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ВЕЧЕРВА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ ВО ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето денес во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена локална облачност, додека во попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи кој ќе бидат од снег и во поголем дел од државава ќе се формира снежна покривка.

Повеќе врнежи ќе има во западните предели од државава. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Максималната температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од -1 до 7 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има сончеви периоди, додека попладне и навечер се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Потоа од утре, па за време на викендот како и на почетокот од следната недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Температурите на воздухот во најголем дел од државава ќе бидат постојано под нулата додека наутро истите понекаде има услови да се спуштат дури и под -15 степени. Во сабота повторно ќе има услови за локално провејување на снег а повремено ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во Пелагонија повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

ДЕНЕС РЕЛАТИВНО ТОПЛО – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ

Денес претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност,...

Во петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.

РАНА НАЈАВА ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – ДЕТАЛИ

Денес и утре времето во нашата држава ќе се задржи сончево и релативно топло со максимални...