Речи си секоја недела ќе има услови за врнежи од дожд кои можеби ќе прејдат кон снег, но тоа нема да креира никаква снежна покривка.

Објавил: Сара Фемина | 13 јануари, 2020 21:24

ДЕТАЛНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве кога доаѓа снегот во Македонија

Фото/Текст извор: ©прес 24

Оваа година веројатно нема да имаме зима, барем ако може да им се верува на долгорочните прогнози. Најавите на синоптичарите се дека температурите ќе бидат над просекот а врнежи од снег на пониските места воопшто и нема да има.

Температурите, барем во Скопје, ретко ќе одат пониско од минус 5 степени а во текот на денот често ќе имаме температури околу 7 до 8 степени.
Во поглед на врнежите, она што остана од јануари ќе помине во релативно влажно време.

Речи си секоја недела ќе има услови за врнежи од дожд кои можеби ќе прејдат кон снег, но тоа нема да креира никаква снежна покривка.
Вакви услови според долгорочните прогнози ќе има кон крајот на овој месец.

Некои поголеми промени нема да има ни во првата половина од февруари. Разликата е што некаде кон средината на месецот дневните температури може да достигнат и двоцифрена вредност а од време на време ќе го гледаме и сонцето.

Во поглед на врнежите во првата половина на февруари не се очекува некоја поголема влажност но во последните две недели ќе има услови за послаби врнежи од дожд кои на некои места може да преминат во слаби снежни врнежи.
Се она што не го видовме во јануари и февруари ќе има услови да го видиме во март.

За овој месец долгорочните прогнози покажуваат зголемена влажност со услови за поинтензивни врнежи од снег кои нема да може да се задржат поради високите дневни температури кои во одредени денови од март ќе доаѓаат и до 15 степени. Со тоа, врнежите од снег ќе преминуваат во дожд па се очекува да врне речи си повеќе од половина месец.
Сепак треба да се има предвид дека долгорочните прогнози не даваат секогаш прецизни информации и треба да служат само како насока за оние кои што нешто планираат во периодот кој следи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Одлуката ќе ја носи апелациониот суд утре. Камчев и претходно понуди слична сума пред кривичниот суд, но му беше одбиена..

ПОНУДАТА НА КАМЧЕВ РАСТЕ: Вртоглава сума понуди денес за да му ги вратат пасошите

Нова вртоглава сума од 3.180.000 евра понудиле денеска адвокатите на бизнисменот Орце...

За жал тажна е сликата во Јагуновце, основното училиште Александар Здравковски.

МИЗЕРНИ УСЛОВИ, РУИНИРАНО УЧИЛИШТЕ КАКО ОД 5.ВЕК – Ова ли е правиот пат и ова ли е Европското образование на власта и Заев?

Училиштата во поголемите градови ширум земјава се во одлична состојба, но во некои...

Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

НАЈПОЗНАТАТА ИЗМАМНИЧКА – Соња ТАТ се јави од Идризово: И затворот е искуство!

Дел од затворската поезија и припаѓа и на Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ...