Температурите на воздухот ќе бидат за пет до шест степени пониски во однос на оние кои ги имавме до вчера и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2020 9:58

Детална временска прогноза: Од денес пониски температури и северен ветер

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето ќе биде сончево и малку посвежо за развика од изминатите денови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на некои места и тоа, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите на воздухот ќе бидат за пет до шест степени пониски во однос на оние кои ги имавме до вчера и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа во следните неколку денови ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено на планинските места. Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенцениција на постепен пораст, но некој екстремно високи температури не се очекуваат, што значи истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...