Анкетата на Детектор покажува дека речиси 40 отсто од граѓаните половина од својот месечен буџет го трошат нисклучиво на храна.

Објавил: Весна Петровска | 11 ноември, 2019 11:15

Детектор: Две третини од граѓани не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Речиси две третини од граѓаните не можат да ги покријат месечните трошоци со своите примања, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

На прашањето дали живеат подобро сега, или пред 5 години, 33,5% од граѓаните велат дека порано живееле подобро, 32,3% не гледаат никаква разлика, а 23,7% од анкетираните велат дека сега живеат подобро отколку пред 5 години.

Анкетата на Детектор покажува дека речиси 40 отсто од граѓаните половина од својот месечен буџет го трошат нисклучиво на храна.

Според мнозинството граѓани, за да се задоволат месечните потреби на едно четиричлено семејство потребни се меѓу 30 и 35.000 денари. Ваков став имаат 38,5% од анкетираните, а само 5,2% од анкетираните сметаат дека четиричлено семејство месечните потреби може да си ги задоволи потреботе со помалку од 20.000 денари.

Ако треба да се прави приоритетна листа за зголемување на платите во јавниот сектор, најголем дел од граѓаните сметаат дека тоа треба да се случи прво во здравството , за 19,4% приоритет треба да бидат вработените во образованието, а за 6,8% оние од јавната администрација.

Помал процент од анкетираните сметаат дека полицијата, војската и вработените во правосудниот систем треба да бидат на приоритетна листа за зголемување на нивните плати.

Речиси 60 отсто од граѓаните се согласуваат дека примањата не пензиоенрите треба да се зголемат , а 25,6% се против.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анкета

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти!

Активни 18.909 случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

Во државава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем...

Анализата на Евротинк покажува дека за разлика од лани, негативното мислење за Бугарија се зголемило за 20 проценти, односно од 0,5 отсто во 2018 година, сега изнесува 23,1 проценти, со што, според претставници на Евротинк, таа ја заменува традиционалната позиција на Грција.

Македонските граѓани сметаат дека Бугарија е наш најголем непријател

Најголем дел од македонските граѓани сметаат дека најголем надворешен непријател...

Анкетата која ја спроведе Магазин траеше десет дена и беше апсолутно анонимна. Гласањето беше спроведено онлјан а учество зеле 2046 испитаници

Гордана Силјановска Давкова води со 52,25 % наспроти 26,10% за Пендаровски

На една недела пред одржувањето од првиот круг на претседателските избори, резултатите...