Тој лани беше трет во светот, веднаш по претставниците на САД и Кина. Добитник е на бројни награди, медали, дипломи, на олимпијади, на државно, на меѓународно ниво. Ни самиот не знае колку ги има, но за него најзначаен е бронзениот медал што го освои како претставник од македонскиот тим во Јапонија, во септември минатата година.

Објавил: Валерија Петрова | 15 мај, 2019 22:46

Детето кое Македонија ја направи горда – Андреј стана првак по информатика во државава, а трет во светот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Куманово може да се гордее со својот сограѓанин гиназијалецот Андреј Величковски кој стана првак во државава по информатика, а трет во светот.

Тој лани беше трет во светот, веднаш по претставниците на САД и Кина. Добитник е на бројни награди, медали, дипломи, на олимпијади, на државно, на меѓународно ниво. Ни самиот не знае колку ги има, но за него најзначаен е бронзениот медал што го освои како претставник од македонскиот тим во Јапонија, во септември минатата година.

Тешко е да се избројат сите медали, раскажува по малку срамежливо овој скромен ученик во трета година во кумановската гимназија „Гоце Делчев”.

– Моето најголемо достигнување е на Светската олимпијада по информатика што се одржа во Јапонија. Тоа е најпрестижниот натпревар по информатика и секоја година учествуваат ученици од над 100 земји од светот. Лани прво место освои ученик од САД, второ од Кина и трето јас, вели Величковски за МИА.

Тој наградата ја добил решавајќи алгортими два дена по пет часа. Решавањето на информатичките проблеми за него е најголем предизвик и во тоа, додава младиот информатичар, најмногу ужива. Секојдневно решава по два часа задачи, а кога се подготвува за натпревари и повеќе.

Само пред две недели Андреј освои златен медал на државната олимпијада, а пред еден месец и прво место на државниот натпревар по информатика.

На натпреварите, појаснува Величковски, има од три до пет задачи за што треба да се осмисли алгоритамот, а потоа и да се претвори во код и решението да функционира.

Професорка по информатика од гимназијата „Гоце Делчев”, Јасмина Денковска која е негов ментор, вели дека Андреј е еден од најдобрите ученици кои ги имала во нејзината кариера.

– Тој вредно работи, многу истражува и претходно учествувал на бројни натпревари. Сега веќе ги проширува своите знаења и можам со право да кажам дека постигнува врвни резулатати, вели Денковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Но денеска од страна на ЕБУ беше објавено дека настанала грешка во бодувањето, односно при гласањето.

СКАНДАЛ: Грешка при гласањето на Евровизија- Тамара Тодевска освоила повеќе бодови

На овогодинешната Евровизија која се одржуваше во Тел Авив, Израел, нашата претставничка...

На официјалната Фејсбук страна на Комити Скопје беше објавена моќна порака, за тоа како вистински треба да изгледа парадата на гордоста.

ФОТО: „Парада на Гордоста” од нашата младост вака се организира

Откако пред два дена беше соопштено дена првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата...