Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2020 10:36

Детската болница Козле од денеска прима пациенти со Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле од денеска прима возрасни пациенти заболени од КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство!

На располагање се 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика.

Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста, изјави министерот Венко Филипче!

– Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од КОВИД-19.

Во моментот во Болницата се сместени три дечиња сомнителни на вирусот, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од КОВИД-19, соопшти вчера Министерството за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство