Пациентите вовлечени во политички интриги, наместо владата да се грижи за медицинскиот персонал и државното јавно здравство, сега ќе фаќа поени од приватните клиники

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 10:14

Детска кардиохирургија сепак ќе се сели во “Филип II”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Тешко болните бебиња со срцеви проблеми ќе се оперираат на приватна клиника, одлучи државата, иако министерот најави дека таа опција сеуште не е разгледана во детали.

Операциите ќе се прават во клиниката на кардиохирургот Жан Митрев, која од основањето го носеше називот “Филип II” за од скоро да има ново име.

Договорот паднал на состанок, но изостана свечено официјализирање на соработката. Во Владата не беше присутен ниту кардиохирургот Митрев. Ќе оперира докторот Владимир Чадиковски заедно со својот тим кој се сели од државната Клиника.

Ваквите кардиоваскуларни интервенции досега се правеа на Детска хирургија.

Годишно околу 20 деца со срцеви проблеми се праќаат во странство на операција. Една таква комплексна интервенција чини и до 20 илјади евра. Трошоците за операциите во приватната клиника ќе останат на товар на државата.

Сумата од милион евра годишно ја одвојува Фондот.

Децата чие лекување веќе започнало во странство, мора да продолжи таму со лекарите кои ја знаат историјата на болеста и третманот, се оправда доктор Чадиковски. Тој не ја исклучи можноста да побараат помош и од странски лекари, ако им е потребна.

Јавно приватното партнерство на државата со клиниката Жан Митрев наиде на осуда од опозицијата. Од ВМРО – ДПМНЕ остро го обвинија министерот Филипче дека целта на овој договор со приватното здравство е да профитираат поединци.

Здравствениот систем од ден во ден се повеќе се распаѓа. Филипче одлучи да ги префрла Детската кардиохирургија во приватна клиника и трансплантацијата на органи во приватни болници како да се од татко му. Наместо да инвестира во јавното здравство за да ги задржат лекарите во Македонија, министерот решава да полни џебови на одредени поединци. – велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Според министерот за здравство Филипче, условите во приватната болница се според сите стандарди и кадарот на највисоко ниво. Тој смета дека ваквиот модел на детска кардиохирургија ќе биде за пример и на останатите земји од регионот, но и од Европа.

Наспроти тоа, во Словенија е укинат моделот на детска кардиохирургија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство!

ФИЛИПЧЕ: Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата

Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата....

„89-годишниот пациент од Битола беше хоспитализиран како веќе позитивен, дијагностициран преку ЦЈЗ, кога кај него се развија симптоми на бронхопневмонија!

Од коронавирус оздравеа петмина битолчани во деветтата деценија од животот

Од коронавирус оздравеа петмина битолчани во деветтата деценија од животот.  „89-годишниот...

Тие, како што веќе најавивме ќе добијат соодветна награда за нивната работа - зголемување на примањата. Тие се врвни професионалци и се еден од столбовите на нашиот здравствен систем.

ФИЛИПЧЕ: Вработените во брзата помош ќе добијат соодветна награда за нивната работа – зголемување на примањата

Сите вработени во брзата помош заслужуваат огромни пофалби за нивната макотрпна секојдневна...