Можеме да кашламе до 60 км/час, а просечно кашлање создава доволно воздух за за да се исполни едно дволитарско шише.

Објавил: Перо Милчин | 16 февруари, 2022 15:52

Ефикасни домашни лекови за спречување на кашлањето

Фото/Текст извор: ©магазин

Кашлањето настанува кога вирусите, бактериите, поленот, прашината или други супстанци ги иритираат нервните завршетоци меѓу нашето грло и бели дробови. 

Кашлица е ненадејно, експлозивно и издишувачко маневрирање со кое луѓето се стремат да ги отстранат материите од дишните патишта.

Пациентите, а понекогаш и неискусните лекари, кашлањето го изедначуваат со бронхитис (најчесто, бактериски) и одредуваат терапија со антибиотици и други препарати кои го поттикнуваат кашлањето.

За правилно лекување на кашлицата мора да се одреди нејзиниот извор.

Овие лекови вообичаено се даваат при неподносливи напади на кашлање кое го оневозможуваат нормалното секојдневно живеење на болниот или му го нарушуваат сонот.

Ако таа е предизвикана од некоја примарна болест (тумор, астма, срцево заболување итн.), тогаш лекувањето се насочува кон болеста, со што исчезнува и кашлицата. Во случај на бактериска инфекција се употребуваат антибиотици, а при суво и често кашлање со проѕирен секрет се препорачува симптоматска терапија, т.е. лекови против кашлањето (антитусици). Тие го намалуваат рефлексот за кашлање на локално или централно ниво.

Овие лекови вообичаено се даваат при неподносливи напади на кашлање кое го оневозможуваат нормалното секојдневно живеење на болниот или му го нарушуваат сонот. Ако искашлувањето е отежнато се даваат муколитици (синтетички или на природна база), со цел да се олесни искашлувањето. Во случај на алергиско воспаление на слузницата на дишните патиштa се применуваат антихистаминици и инхалациски кортикостероиди. На болните од астма им се дава и бронходилататор кој ги шири бронхиите. Во лекувањето на кашлицата посебно место има медицинската инхалациска терапија при што со инхалирање разни медицински раствори се решава проблемот со кашлањето.

Домашен сируп со мед

Докажано е дека медот има одлично дејство на третирањето на кашлиците. Можете да го конзумирате чист, или пак да направите сируп од мед измешан со 1 лажица кокосово масло или пак 1 цеден лимон. Конзумирајте го овој сируп пред спиењето. Нашите баби и дедовци би препорачале и ракија со мед, пред спиење.


Темјаново дрво е ароматична смола што се добива од дрвото од родот Boswellia, вид Boswellia sacra, Boswellia thurifera, Boswellia frereana.

Чај од темјан

Во Германија, темјанот е официјално потврден третман за кашлици и респираторни инфекци. Оваа билка има одличен ефект на кашлањето поради намалување на воспалението. Направете чај со неколку листови темјан во топла вода, во која ќе отстојат околу 10 минути. Додавањето мед и лимон може да даде дополнителни позитивни ефекти.

Топол туш

Топлата вода и пареа се одлични против кашлањето. Пареата ги смирува синусите и дишните патишта. Сепак, за оние кои имаат астма, се препорачува да се избегнува долго седење под туш и во пареа.

Топлата вода и пареа се одлични против кашлањето. Пареата ги смирува синусите и дишните патишта.

Чај од бибер и мед

За влажна кашлица, се препорачува чај од бибер и мед. Биберот е одличен за поттикнување на циркулацијата и движењето на слузта, а медот е природен олеснувач на кашлањето. Употребете 1 лажица бибер и 2 лажици мед, кои ќе ги додадете во превриена вода за чај. Нека отстои 15 минути, а потоа е добро да се испие полека.

Ѓумбир

Ѓумбирот има многу тајни моќи кои се користат во медицината уште одамна. Оние кои ја практикуваат источната медицина истакнуваат дека ѓумбирот е одличен за справување со ефектите од настинките и грипот. Се препорачува да се направи чај од ѓумбир и да се конзумира со или без лимон, неколку пати во текот на денот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Генерално, возраста има одредено влијание за некои типови на болки што се јавуваат, но кога се работи за болки во колената, сите се подеднакво изложени и тоа од различни причини

ЕФИКАСЕН ЛЕК ЗА БОЛКИ ВО КОЛЕНАТА!

Болките во колената се многу честа појава, со која се соочуваат луѓе од различни генерации....

Моментално нема друг ласер кој е побезбеден во поглед на несакани последици на околните ткива.

ЛАСЕР МЕД: Белград воведува најсовремена ласерска технологија за простата – ТУЛИЈУМ 200 ВАТИ !

Милиони мажи кои се постари од 50 години, секојдневно се соочуваат со проблеми поврзани...