Најново метео

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 октомври, 2021 8:24

ДЕФИНИТИВНО НА СУШАТА И ДОАЃА КРАЈОТ! ОД ДЕНЕС МНОГУ ДОЖД И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Сепак најинтензивни врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат дури над 50 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа и во следните денови времето ќе се задржи облачно и доста СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе се задржи облачно и доста свежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 15 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Попладне и навечер облачноста ќе се зголемува, со што ќе започнат нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ.

АРКТИЧКИОТ БРАН КОЈ ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СНЕГ И ДОЖД СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и тоа особено...

И во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА УШТЕ ПОГОЛЕМ СТУДЕН БРАН ОД АРКТИКОТ: СЕ ОЧЕКУВА ПРВАТА ПОГОЛЕМА СНЕЖНА ПОКРИВКА

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од...