Паралално со пописот трае и самопопишуваењето на дијаспората, а досега оваа можност ја искористиле 193.000 лица. Но, и понатаму останува отворено прашањето дали тие ќе се сметаат како иселеници или како дел од вкупното население, како што тврдат од ДУИ..

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2021 16:22

Досега попишани вкупно 419.485 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Статистичката опрерација за пребројување на населенито, по неколку дена тргни – застани, конечно добива нормален тек. 

Надминат е застојот поради техничките проблеми со апликацијата, уверуваат од ДЗС. Според бројките кои што ги споделија за првите осум дена, попишани се речиси 420.000 лица, од кои половината во последниве два дена. Попишани се и речиси 130.000 домаќинства и над 170.000 станови.

Но и покрај ваквиот позитивен тренд, од политичката партија Левица обвинуваат дека бројките се лажирани. Пратеникот Борислав Крмов за Канал 5 вели дека нивните информации говореле дека бројот на попишани е двојно помал. На попишувачите не им била отворана врата, а во поруралните средини биле и физички напаѓани.

Пописот оди тешко, тие бројки кои што ги лиферуваше ДЗС се смешни, во минатите 7-8 дена колку што трае пописот, нив четири дена не им работеше апликацијата воопшто, така да, дека они стигнале до некоја си бројка од 400 илјади е апсолутно невозможно, – Борислав Крмов- Пратеник – Левица.

Првиот човек на ДЗС – Апостол Симовски категорично ги отфрла тврдењата на Левица, велејќи дека пласираат лажни вести. Симовски е задоволен од реакцијата на граѓаните, ниту некој ги брка ниту пак врата не им отвора, мал е бројот на оние што првично одбиле, а по разговорот со попишувачите потоа се согласиле да дадат свои податоци.

Немаше да попишуваме повеќе од 110.000 лица дневно ако беше негативно расположението, ова е класична антикампања кон пописот, очигледно е, оваа политичка структура јавно кажа дека се против попис. Не сакаат да имаме попис во државава и сакаат и понатаму да тонеме во калта поради тоа што немаме дваесет години попис.

Паралално со пописот трае и самопопишуваењето на дијаспората, а досега оваа можност ја искористиле 193.000 лица. Но, и понатаму останува отворено прашањето дали тие ќе се сметаат како иселеници или како дел од вкупното население, како што тврдат од ДУИ..

Во ек на пописот, се огласи и Синодот на МПЦ. упатија апел до Верниците да ја искористат можноста и за време на пописот да се изјаснат како православни христијани. Религиозната определеност постои во пописот, а повишувачите се обврзани истата да ја заведат при статистичката операција, дополнуваат од таму.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...