За Вардар ова беше втора европска титула по онаа во 2017 година, кога во супер-драматичен Ф4-турнир, како дебитант, ги победи Барселона, а потоа и ПСЖ.

Објавил: Перо Милчин | 2 јуни, 2019 21:21

ДИБИРОВ: “Ако после оваа титула никој не ни помогне, ќе ги завршиме кариерите„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Македонски Вардар вторпат во својата историја на ракометот стана европски првак.

Во финалето поразен беше Веспрем, а по натпреварот, Тимур Дибиров не ја криеше својата среќа и задоволството од вечерашниот постигнат успех, ако се земе предвид како изгледаше сезоната на „црвено-црните“.

Без пари и неизвесност беа над ракометниот клуб Вардар, а многумина се сомневаа во ракометарите, но тие успеаја да го направат невозможното.

Тие се пласираа на Ф4 во Келн, ја победија Барселона, а потоа и Веспрем, и по втор пат постанаа европски прваци.

„Имавме пократок ростер, но ние летавме на терен затоа што Вардар за нас е живот. Имавме одличен натпревар, дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Ако некој остане рамнодушен по ова, тогаш не знам што да кажам. Оваа титула е поголема од првата, затоа што знаеме низ што се минавме. Среќни сме што си го остваривме сонот“, изјави Дибиров.

Тимур Магомедович Дибиров е руски ракометар, роден 1983 година во Петрозаводск. Игра за руската ракометна репрезентација, а од 2013 година игра за македонскиот ракометниот клуб Вардар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести