
Вести
Избори 2020
Вечерва Државната изборна комисија на својата официјална веб страна објави соопштение со кое ги корегира резултатите од предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули, објавени на 16 јули.
Вкупниот број на избирачи кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе, стои во соопштението од ДИК.
Претходно во Заклучокот објавен на 16 јули ДИК објави дека вкупниот број избирачи кои гласале изнесува 942.334, а вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.466
Имено денеска во ДИК се пристигнати нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.
77 риговори денеска поднела Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива .
Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара.
Вечерва во 19 30 заврши 48- часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување пригвори за постапката за гласање.
СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори. И други политички партии меѓу кои и Левица најавија приговори,но тие се уште не се пристигнати до ДИК.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.