Членот на ДИК, Кренар Лога не се согласува со ваквата одлука и истата ја нарекува незаконска. За ова писмено ги известил и останатите членови, пренесе Алсат.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2021 21:21

ДИК го смени Упатството и ќе признава за важечки и ливчиња без печат

Фото/Текст извор: ©магазин

ДИК на денешната седница го смени Упатството за важечки и неважечки ливчиња и сега во вториот круг за важечки ќе се сметаат и ливчињата на кои нема да има печат од Изборниот одбор. Ова е спротивно на одредбите на Изборниот законик, пренесе Фокус!

Со денешните измени, важечкото гласачко ливче ќе се брои и без печат ако ги исполнува сите останати услови според Изборниот законик, односно ако се заокружи редниот број пред носителот на листата или пред кандидатот и каде може да се потврди изборот на избирачот.

За неважечко ливче ќе се смета кога неправилно заокружено или се заокружени повеќе опции.

Членот на ДИК, Кренар Лога не се согласува со ваквата одлука и истата ја нарекува незаконска. За ова писмено ги известил и останатите членови, пренесе Алсат.

Како член на ДИК не се согласувам и изразувам големи сомнежи за изборни нерегуларности бидејќи упатството се менува по првиот изборен круг. Упатството не е во согласност со Изборниот законик, затоа барам оваа одлука веднаш да се повлече, во спротивно ќе се обратам до Управниот суд“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...

„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна...