ДИК испратил мејл до општинските изборни комисии со известување да ги информираат избирачките одбори да им овозможат на граѓаните да гласаат и по 19 часот, ако е потребно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 октомври, 2021 19:11

ДИК: Излезеноста до 15 часот е над 31 отсто

Фото/Текст извор: ©магазин/21 тв

Гласањето ќе се продолжи за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места  и во дворовите на објектите по 19 часот и тие ќе можат да го остварат своето право на глас, истакна денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски охрабрувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалните избори.

ДИК испратил мејл до општинските изборни комисии со известување да ги информираат избирачките одбори да им овозможат на граѓаните да гласаат и по 19 часот, ако е потребно.

Гужвите или како што кажа успорувањето на гласањето на овие избори е поради многуте страници на Избирачкиот список и многуте листови за гласање, една четвртина од отпечатоците од прсти кои ги добиле не биле со добар квалитет, како и поради мерките за заштита од Ковид-19.

-За Град Скопје има четири ливчиња, има огромни избирачки списоци, проверката трае двојно. И таму ќе биде дозволено да се гласа се додека не гласа и последниот гласач, рече Даштевски.

До 15 часот излезноста на гласачите е 31,80 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале 403 715 гласачи.

Според Даштевски, ова е солиден процент на излезност на гласачите.

До одржувањето на прес-конференцијата до ОИК се поднесени 134 приговори за заштита на избирачко право, од кои 63 се прифатени, а десет се одбиени.

Претседателот на ДИК Даштевски ги соопшти и местата каде што имало прекин во гласањето и наведе дека во седум избирачки места се гласа со УВ ламба и спреј, како до претходните избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...