Според заклучениот Избирачки список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани граѓани

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2020 10:07

ДИК: Излезноста до 9 часот е 6,26%

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Државната изборна комисија објави на својата страна дека излезноста на избирачките места до 9 часот е 6,26 проценти. Досега своето право на глас го оствариле 113,590 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 2.815 избирачки места.

По изборни единици податоците до 9 часот се следни:

ИЕ 1 – излезност од 7,91 проценти

општина Аеродром најголема излезност со 10,16 проценти, додека најниска излезност има во Студеничани од 1,99 проценти

ИЕ 2 – излезност од 6,51%

општина Ѓорче Петров најголема излезност со 9,15 проценти, додека најниска излезност има во Липково од 1,81 проценти

ИЕ 3 – излезност 7,23%

општините Крива Паланка 11,46% и Пробиштип 10,27 проценти имаат најголема излезност, додека најниска излезност има во Чашка од 3 проценти

ИЕ 4 – излезност од 7,68 %

општина Новаци најголема излезност со 10,87 проценти

ИЕ 5 – излезност од 6,14%

општина Кривогаштани најголема излезност со 13,01  проценти, додека најниска излезност има во Центар Жупа од 1,78 проценти

ИЕ 6 – излезност од 3,37%

општина Јегуновце најголема излезност со 4,17 проценти, додека најниска излезност има во Врапчиште од 1,39 проценти

Предвремените парламентарни избори се спроведуваат според пропорционалниот модел на 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија.

На 90 избирачки места во земјава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место.

Според заклучениот Избирачки список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани граѓани. Од нив, во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 лица кои се иселиле или работат во странство. Во посебниот избирачки список, пак, за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

За гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 6.096 граѓани. Бидејќи бројот на прифатени пријави е помал од бројот на гласови со кој е избран пратеник во Собранието од изборите во 2016 година, ДИК одлучи да не се гласа во дипломатско-конзуларните претставништва по поднесените листи на кандидати за пратеници во ИЕ 7. Своето право на глас граѓаните од дијаспората ќе можат да го остварат доколку гласаат во избирачките места во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...