
Вести
Избори 2020
Излезноста до 11 часот на предвремените парламентарни избори е 11 отсто, односно до овој момент своето право на гласо го искористиле 199.495 граѓани соопшти на прес-конфернеција претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.
Доколку се гледа по изборни единици, најмногу излезност има во првата ИЕ каде досега гласале 13,7 отсто, во ИЕ2 9,60 проценти, во ИЕ3 13,08 отсто, во ИЕ4 13,46 проценти, во ИЕ5 10,5 отсто и во ИЕ 6,04 проценти.

Највисок процент на излезеност се забележува во општина Аеродром каде правото на глас досега го искористиле над 17,6 отсто.
Излезноста е висока и во Карпош 17,07 проценти, Кисела Вода 16,81 отсто.
Гласањето во сите избирачки места се одвива непречено.
Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе можат да избираат меѓу кандидатите на 15 коалиции и партии.
На десеттите парламентарни избори право на глас имаат 1.814.263 граѓани.
Од нив, во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 лица кои се иселиле или работат во странство. Во посебниот избирачки список, пак, за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.