
Македонија
Вести
Стево Пендаровски денеска го доби уверението за претседател на Република Северна Македонија.
ДИК ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата.
Стево Пендаровски пред новинарите во ДИК изјави дека ќе се зафати со реформа на разузнавачките служби, особено во делот на Агенцијата за разузнавање, но во неа нема да има место за четири лица што се под истрага на Обвинителството.
„Сите оние кои се огрешиле пред законот и Уставот, а според моите информации Обвинителството води истрага за 4 такви лица, нема да бидат дел од тимот што е под ингеренција на Претседателот“, одговори Пендаровски на новинарски прашања по денешното врачување на Уверението за претседател на државата од ДИК.
Тој не прецизираше дали тие лица се од Агенцијата за разузнавање, или од неговиот кабинет. Потсети дека постапки од Обвинителството за учество во неколку немили настани се отворени и за лица вработени во АРМ, чиј Врховен командант од утре ќе биде тој.
Исто така изјави дека е горд на овие претседателски избори зашто за првпат по 25 години сите кандидати во изборниот процес ги признаа резултатите од гласањето, рече Пендаровски,кој воедно и даде позитивна оценка за изборите.
Утре Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница на македонското собрание каде официлано ќе го отпочне неговиот петгодишен мандат како шеф на државата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.