Во врска со објавите и насловите на прилозите на некои од медиумите од денешната седница, Државната изборна комисија појаснува дека не одлучувала, не побарала и не препорачала одложување на изборите, ниту има право на тоа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2020 14:23

ДИК: Не сме побарале одложување на изборите, немаме право на тоа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото нова македонија

Откако беше објавено дека ДИК, на денешната седница побара да се одложат изборите беше испратено соопштение до медиумите дека се работи за неточна информација. Од Државната изборна Комисија соопштија дека и натаму ќе продолжат да работат според Законот.

Претходно одредени медиуми објавија дека Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април, по што реагираа од ДИК дека ваквата информација не е точна.

Во врска со објавите и насловите на прилозите на некои од медиумите од денешната седница, Државната изборна комисија појаснува дека не одлучувала, не побарала и не препорачала одложување на изборите, ниту има право на тоа.

Напротив, Комисијата истакна дека работи според Законот и Роковникот и навремено ги презема сите дејствија во насока на организација на изборите и дека ќе се прилагоди и ќе ја почитува секоја одлука на надлежните институции во врска со актуелната ситуација“, стои во соопштението на ДИК.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.