
Македонија
Вести
Државната изборна комисија вчера ја одржа 38-та седница на која одлучуваше по поднесените приговори од подносителите на листи и предлог дополна на заклучок за известување на конечни резултати во неколку општини.
До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 15 приговори поднесени од ДУИ – пет, ТМРО – седум и Група избирачи Енвер Пајазити – три.
По поднесени три приговори на Демократската унија за интеграција за Општина Студеничани, за заштита на избирачко право на подносителите листи, со образложение дека бројот на гласачите не се совпаѓа со вкупниот број на гласачки ливчиња, ДИК одлучи да се отвори материјалот врз основа на член 147, точка 10, за да се види фактичката состојба.
Со објаснување дека приговорите немаат основа, членовите на Комисијата едногласно изгласаа дека се одбиени трите приговори на ДУИ.
Политичката партија ДУИ поднесе и два приговори за Општина Желино, со објаснување дека отпечатоците од прст не се совпаѓаат со бројот на гласачите и оти граѓанин гласал со неважечка лична карта.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.