За овие избори акредитирани се 2.508 домашни набљудувачи, и 96 странски, како и 56 преведувачи и 55 странски новинари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2020 12:31

ДИК: Ова се најспецифичните избори досега- важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на кандидатот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето на трите денови гласање во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

На 15 јули в среда ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата. Во 90 гласачки места има помалку од 10 гласачи кои според Законот ќе можат своето право на глас да го остварат во најблиското гласачко место. Граѓаните ќе може да се изјаснат за 1.578 кандидати на 15 партии и коалиции. Право на глас имаат 1.814.263 лица.

Портпаролот на ДИК Ад мир Шабани соопшти дека право на глас имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани и оти во овие три дена ќе гласаат различни категории граѓани. Денеска започна гласањето на 706 лица болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните чиј број на прифатени броеви изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица.  Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

За овие избори акредитирани се 2.508 домашни набљудувачи, и 96 странски, како и 56 преведувачи и 55 странски новинари.

Шабани истакна дека согласно Упатството на ДИК на гласачкото ливче се заокружува редниот број на подносителот.

-Согласно Изборниот законик и упатството донесено од ДИК, граѓаните своите гласачки ливчиња треба да ги одбележат со заокружување на редниот број на подносителот на листата. Напоменувам, со заокружување на редниот број на подносителот на листата, ниту еден друг знак не смее да биде ставен на гласачкото ливче бидејќи во таков случај, гласачкото ливче ќе биде сметано за неважечко, рече Шабани.

Со цел граѓаните да можат да ја известуват ДИК и да даваат свои препораки што се однесуваат на изборниот процес ДИК ќе го има активен бесплатниот телефонски број 0800-555-44 додека за комуникација со граѓаните со оштетен слух и говор ќе биде активен телефонскиот број 076488360, преку кој овие граѓани со видеоповик ќе можат да комунициираат со ДИК. За сите останати граѓани на располегање е биде веб страната на ДИК www.sec.mk, како и на социјалните мрежи на Фејсбук и Твитер и на каналот на Јутјуб.

Ова се најспецифичните избори досега бидејќи се одржуваат со задолжителна препорака за почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...