
Македонија
Политика
Ќе се прегласува на едно избирачко место во Желино одлучи Државната изборна комисија.
Приговорот е на коалицијата Вреди од вкупно 10 за избирачки места кои се дел од шестата изборна единица како Тетово, Гостивар, Боговиње и Врапчиште поднесени поради неправилности при гласањето за кои сметаат дека влијаеле на сумирањето на резултатите. Во шестката Вреди има 7 пратенички мандати а Коалицијата предводена од ДУИ 9.
Дури 110 гласачи од ова избирачко место своето гласачко право ги имаат остварено со идентификација преку уредот за биометриска идентификација, која бројка е надминување на дозволениот лимит – Сенат Амети – Претставник на Вреди.
Сепак главната битка ќе се води во петката. Таму ДУИ доби околу сто гласа повеќе од СДСМ а со тоа и еден пратеник повеќе. Осум приговори за оваа изборна единица поднесе и ВМРО ДПМНЕ која во петката е блиску до уште еден пратенички мандат.
Седницата на ДИК по која се одлучува по приговорите членовите ја започнаа со меѓусебни кавги и обвнувања за опструкции. Потпретседателката на комисијата Дитмире Шеху која е член на комисијата од ДУИ, бараше да се отфрлат приговорите на коалицијата Вреди и на СДСМ, оти не биле поднесени од овластен поднесувач.
Од ова може слободно да заклучиме дека приговорите на Влен не биле уредно доставени и согласно Изборниот законик се знае како се постапува понатаму со овие приговори – Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК.
За мнозинството членови не беше спорно кој ги донел приговорите на шалтер во просториите на ДИК туку кој е потпишаниот поднесувач, по што дојде до расправија.
Поднесување е овластување и потпишување од овластено лице. Да бидеме сериозни со вакви опструкции на работата на комисијата ве молам немојте да манипулирате – Борис Кондарко – Член на ДИК.
Нема да толерирам навреди од член на ДИК, без разлика дали сум жена од друга националност – Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК.
Социјалдемократите поднесоа пет приговори за избирачки места кои се дел од 6 ИЕ како Битола, Кичево и Струга. ДИК денеска треба да одлучи по сите поднесени приговори.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.