Од досега обработените гласачки ливчиња вкупно 813 или 5,6 отсто се неважечки.

Објавил: Стојче Бушин | 14 декември, 2020 6:13

ДИК ОФИЦИЈАЛНО: Ова се досега обработените гласови на изборите во Штип!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државната изборна комисија (ДИК) обработи 99,8 отсто од регистрираните (41 777) гласачи во Штип, пренесе 360!

За изборите да бидат успешни потребна беше една третина од вкупниот број гласачи или минимум 13 926 да излезат на гласање. Од над 99 отсто обработени гласачи, гласале 14 467 граѓани, што е за околу 500 гласа над потребниот минимум.

Од досега обработените гласови, кандидадот на СДСМ, Сашко Николов, доби мнозинска поддршка од штипјани со 11 626 гласа или над 80,3 отсто од вкупните гласачки ливчиња.

Втор зад Николов заврши кандидатот на Интегра, Симон Поликарп – Џими, со 1 192 гласа или 8,2 отсто.

Останатите тројца кандидати за градоначалник имаат приближно ист број гласови, а моментната состојба е: 284 гласа за Лазар Николов од партијата ТМРО, 283 гласа за независниот кандидат Трајче Митев и 269 гласа за Гоце Анѓелов од коалицијата „Иднината во наши раце“, составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија.

Од досега обработените гласачки ливчиња вкупно 813 или 5,6 отсто се неважечки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Силјановска, како второ укажа, дека скратена постапка, секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.

Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска расправа...

Мицкоски додаде дека имајќи во предвид дека сите држави во околинава го одложија пописот, требаше да власта да биде барем малку паметна и да го одложи овој попис. Мицкоски исто така апелираше до меѓународната заедница да ја вразуми власта, бидејќи власта не ги слуша граѓаните и опозицијата.

Мицкоски: Скандал е што партиски луѓе ќе спроведуваат државен попис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашната средба со здравствените...

ЛДП инаку, вчера соопшти дека донесе одлука за самотојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски, но и дека таа одлука датира од август минатата година, а дека не била реализирана од „објективни причини”.

Трајанов: Одлуката на ЛДП е исправна – и другите партии ќе се двоиме

Мислам дека одлуката на Либерално – демократската партија е исправна и дека полека...