Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 октомври, 2021 12:55

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

Фото/Текст извор: ©магазин

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно 10.653 гласачи, информираше на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

„До овој момент гласањето тече без проблеми. Во текот на денешниот ден, своето гласачко право во единствениот центар за внатрешнораселени лица ќе можат да го остварат и шест гласачи кои се водат како внатрешнораселени лица“, рече Даштевски.

Исто така, денеска своето право на глас може да го искористи 351 гласач од установите за вонсемејно згрижување, а избирачките одбори во државата ќе го спроведат гласањето и на лицата кои се болни и немоќни или во куќен притвор.

„Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 7.921 граѓанин, кои се пријавиле за гласање. Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради Ковид-19, во своите домови ќе гласаат 476 лица. Ова гласање ќе го спроведат посебни избирачки одбори составени од медицински персонал и лица номинирани од политичките партии“, додаде претседателот на ДИК.

Претседателот Даштевски посочи дека за овие избори постои изразен интерес за набљудување од страна на домашни и странски организации и медиуми. Оттука, тој изјави дека ДИК издала 1.247 акредитации за набљудување, односно 870 за домашни, 367 за странски набљудувачи и 10 акредитации за странски новинари.

Во меѓувреме, тој потенцираше дека е активен и бесплатниот телефонски број 0800555444 на кој заинтересираните граѓани може да се јават и да постават прашање или пак да остават коментар до ДИК, заедно со своите податоци за контакт на кој би добиле одговор на поставеното прашање.

И оваа година во однос на комуникацијата со граѓаните со оштетен слух и говор, на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076488360 на кој преку видео повик ќе може да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик“, рече Даштевски.

За седмите по ред локални избори кои ќе се одржат утре, во избирачкиот список со право на глас се запишани вкупно 1.824.864 гласачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...

„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна...