Еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ чини околу 7000 гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 000 гласа односно два ипол пати повеќе. Алијанса и Алтернатива кои имаат два пати повеќе гласови од Левица имаат 6 пати повеќе мандати или 12 вкупно.

Објавил: Стојче Бушин | 16 јули, 2020 16:56

ДИК ќе добие тужба од Левица: Апасиев обвини за НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На денешната прес-конференција претседателот на Левица Димитар Апасиев истакна дека овој изборен модел ја фалсификува вољата на граѓаните.

Еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ чини околу 7000 гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 000 гласа односно два ипол пати повеќе. Алијанса и Алтернатива кои имаат два пати повеќе гласови од Левица имаат 6 пати повеќе мандати или 12 вкупно.

Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои „висат“ во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници“, рече Апасиев.

Видете ја ПЕРВЕРЗИЈАТА на изборната кражба…
Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!?
А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!?
Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласа по изборно место.

Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!?
Тројца пратеници ни крадат у моментов.

Луѓе ова е досега НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ!!!
Ова нема така да помине, вели Апасиев!

Апасиев рече дека нема шанси да преговата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата влада.

Најави дека првото што ќе го предложи во парламент, ќе биде нов изборен модел бидејќи актуелниот според него бил „шизофрен и нелогичен“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...