
Македонија
Вести
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека Владата направила лапсус со изборот на Владо Бучковски за преговарач со Бугарија.
-Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски затоа што требало да се види интервјуто за ТВ Европа кај почитуваниот новинар Ѓорѓи Коритаров којшто многу јасно и недвосмислено зборува за некои моменти кои не се дел од општоприфатливата историја која почива на факти коишто се втемелени кај нас и мислам дека истиот нема да даде придонесе во равојот на наметнатите проблеми, рече Димитриевски.
Ден по именувањето за специјален претставник за Бугарија, екс премиерот, Владо Бучковски нема некаква надеж дека би можело да се случи чудо и да ги почнеме преговорите со Европската унија.
Тој сепак вели дека е убеден дека ќе се надмине спорот со источниот сосед во некое догледно време.
Не знаеме дали може за една недела да се случи чудо. Но и тоа што ме увери министерот е дека до последен момент ќе треба да се бориме да се изнајде решение. Убеден сум дека ќе најдеме решение но не за 7 дена. Можеби ќе биде потребно дополнително време но сме на вистинскиот пат“, истакна Владо Бучковски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.