Зоране, пријателе, зборуваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци!

Објавил: Перо Милчин | 24 септември, 2021 4:08

Димитриевски до Заев: Пријателе, не понижуваш сите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Има ли крај на оваа самопонижување, го прашува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, во врска со најавите за укинување на фашистичките етикети за Бугарите од учебниците.

Зоране, пријателе, зборуваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и се уште се антифашисти. На 11-ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска Спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен Премиер. Сега молкот е повеќе од срам!“, напиша Димитриевски на фејсбук.

Согласно статутот на СДСМ, одлуката на Димитриевски за независен настап на изборите автоматски повлекува негово исклучување од членството, велат од партискиот врв!

Максим Димитриевски актуелниот градоначалник на Куманово, кој дојде на функцијата како кандидат на СДСМ, веќе не е член на владејачката партија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Македонија, според поранешниот претседател е корумпирана држава. Дополнително, Македонија живее на кредити, а кој живее на кредти, вели Црвенковски – умира на рати!

Црвенковски: Maкедонија е корумпирана држава, живее на кредит, а умира на рати

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски ги искритикува актуелните власти во Македонија,...

-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис? Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг.

Апасиев: Над 200.000 Македонци одбиле да се попишат

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека над 200.000 Македонци одбиле да...

-ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата. Изразуваме надеж дека нема човечки жртви.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање да помогне за пожарот во Тетово

Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот...