Во Куманово веќе два дена се одржува познатиот Беарс Мото Рок Фестивал на спортски аеродром Аџитепе во Куманово. На првата фестивалска вечер имаше посетители од целиот регион.
Денеска на настанот Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски беа на дегустација на коледарско гравче во рамки на фестивалските активности.
Вечерва на главната фестивалска вечер на фестивалот настапуваат БЕНД ЛЕКТИРА, НОЌНИ ПУТНИЦИ, SAKIS DOVOLIS TRIO, и ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ, а влезот е БЕСПЛАТЕН!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.