-Верувам и убедени сме дека во вториот круг ќе извојуваме уште поголема победа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2021 18:29

Димитриевски склучи коалиција со АА и Алтернатива, ќе го поддржат во втор круг

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ предводена од актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат, Максим Димитриевски денеска склучи коалиција за вториот круг од локалните избори со „Алијанса за Албанците“ и Алтернатива.

-Верувам и убедени сме дека во вториот круг ќе извојуваме уште поголема победа.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на сите мои против кандидати коишто многу конструктивно во првиот изборен круг ја водеа својата кампања.

И да ја поздравам и поддршката на оваа иницијатива на Беким Салиу. Воедно, сето она што беше изнесено од страна на нашите претставници на шефовите на штабови, во иднина ќе направиме се за да го испочитуваме и одржиме. Се работи за еден политички субјект и концепт којшто сака во иднина да делува исклучиво од граѓаните и за граѓаните. Ние ќе се водиме по принципот на унапредување на можностите и правата на сите граѓани, рече Димитриевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...

Снимката на која се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, стана вирална на социјалните мрежи.

СВЕТ Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се...