Пендаровски ги потпиша спорните закони

Објавил: Македонка Димкин | 29 мај, 2023 22:18

Димитриевски: Следната година ќе имаме нова власт и ќе се отвори истрага за „Бехтел и Енка“

Фото/Текст извор: ©ТВ24

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во „24 Анализа“ на телевизија 24 во однос на законите за „Бехтел и Енка“ истакна дека повеќе е од сигурен дека истиот проект ќе биде предмет на истрага, а веќе следната година ќе има нова власт и ќе биде неминовно да се направи истрага.

-Овој проект дефинитивно ќе направи купишта пари коишто на крај ќе завршат во приватни џебови. Тоа времето ќе го покаже, повеќе од сигурен сум во тоа. Екстремно коруптивен проект којшто за жал доведе во непријатна состојба и многу еминентни компании, но и многу дипломати. Повеќе од сигурен сум дека овој проект ќе биде предмет на истрага, можеби не во моментот додека владее ова парламентарно мнозинство, работите во иднина многу брзо ќе се сменат. Веќе следната година ќе имаме нова власт и ќе биде неминовно да се направи истрага. Она што многу повеќе ме загрижува е човекот на којшто јас лично му дадов своевремено поддршка господинот Пендаровски којшто е наш претседател, и мој, и ваш, и на сите нас. Имаше историска шанса барем за момент да го спречи ова и да не ги потпише законите, но тој тоа не го стори. Јас лично очекував барем да се одважи во овој момент, но очигледно е дека игра под диктат. И факт е дека овој договор е штетен за државата, затоа што Македонија ја трансформира од финансиски полузависна за неколку години во финансиски целосно зависна, рече Димитриевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...