
Македонија
Вести
Едно од Илинденска, друго од опозициска партија – ДУИ не признаваат дека ја поддржале стратегијата за јавна администрација во која стои дека Балансерот е надминат и се злоупотребува.
Кога се разгледувала стратегијата во Влада тие биле против, иако во Собрание стигнала на предлог од министерството за информатичко општество и администрација со кое тие раководеа . Според ДУИ Стратегијата е валидна оти не поминала во Собранието, а тие биле заштитници на Охридскиот рамковен договор.
Стратегијата за реформа на јавната администрација е Владин акт од јули 2023 година усвоен за време на мандатот на ДУИ и СДСМ, а кога официјално беше промовирана стратегијата интегративицте немаа никаква реакција. Сега одлуката на Уставен за нив е шокантна и удар врз Уставот па дури организираа и протест.
Власта ја поздравува одлуката на Уставен според претседателот на движењето ЗНАМ Максим Димитриески сите треба да се заложат за квалитет при вработување , без разлика на која етничка заедница припаѓаат.
Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некој во делот на вработувањата. Освен да се залагаме за политичкиот квантитет, треба да се заложиме суштински да добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. Во однос на балансерот Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам. Но, како и да е, ја поздравувам таа одлука.- Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ.
Уставните судии одлучија да ја укинат алатката „Балансер“ по иницијатива која ја поднесе Антикорупциска во јануари оваа година. Она што се покажало во минатото е дека за да добијат работа имало многу случаи кога луѓето се пишувале со друга етничка припадност.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.