Зајакнување на имплементацијата на Договорот за добрососедство, но и зајакната промоција на тоа што е направено; продолжување на разговорите меѓу историчарите во заедничката комисија; реформите на домашен план; соработка со сојузниците во ЕУ за да изнајдат сила да ги заштитат сега нарушените европски принципи и да ја убедат Бугарија да го ослободи пристапниот процес од политичкото заробеништво, се неколкуте сегменти што ги наведува вицепремиерот за тоа што треба да се направи во наредните месеци
Кога ЕУ не ги исполнува своите ветувања во случаите каде што има напредок и тоа е целосно заслужено, за што македонското искуство е совршен пример, тогаш довербата во европската посветеност на регионот на Западен Балкан драматично се намалува, порачува вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за српскиот неделник НИН.
Во таков случај, вели Димитров, мораме да ја ставиме „европската перспектива“ во перспектива.
„Наша задача е преку одлучни реформи дома, граѓаните да ги убедиме дека европеизацијата на Западен Балкан е во нивен интерес. Географската положба на Западен Балкан нѐ прави неодвоив дел од европската безбедносна и економска сложувалка. ’Проширување‘ не е вистинскиот збор за процесот на зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние сме опкружени со земји на ЕУ, главно трговијата ни е со европскиот пазар, а тогаш кога сите земји од Западен Балкан ќе станат членки, надворешните граници на ЕУ нема да се променат туку ќе останат исти. Затоа сметам дека треба да зборуваме за ’комплетирање‘ наместо за ’проширување‘ на ЕУ“, вели вицепремиерот.
Димитров во интервјуто оценува дека главен проблем во однос на бугарското вето е тоа што Бугарија под прекривката на добрососедските односи и европската интеграција, отвора прашања кои во суштина се антиевропски.
Повеќе на овој ЛИНК
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.